Ali Semerci
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
МОГАДИШУ (АА) - Во синоќешниот напад на едно кафуле во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа 20 лица, а четворица напаѓачи беа неутрализирани, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што рече министерот за безбедност на Сомалија, Aбдурезак Омар, безбедносните сили се бореле со напаѓачите повеќе од десет часа, по што успеале да воспостават контрола над кафулето. Oмар изјави дека загинатите се претежно цивили а има и деца. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб, блиска на Ал-Каеда.
Како што соопштија локалните извори, пред кафулето била активирана автомобил-бомба, кое било често посетувано од страна на претставници на властите во Могадишу. По експлозијата, вооружените лица влегле во кафулето, по што избил судир со безбедносните сили.