Sayed Khodaberdi Sadat
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Пет цивили загинаа во воздушните напади извршени од страна на безбедносните сили врз Талибанците во авганистанската покраина Каписа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството Каписа, Каис Кадири, истакна дека безбедносните сили извршиле воздушен напад во подрачјето Ниџраб во Каписа во кој животот го загубиле пер цивили.
Кадири информираше дека 3 од загинатите биле деца, а другите две жртви биле жени. Тој додаде дека во нападот загинал и братот на еден од високите претставници на Талибан.
Од друга страна, локалните жители тврдат дека осум цивили загинале во воздушниот напад.