Mehmet Nuri Uçar
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
МОГАДИШУ (АА) - Дипломатксата мисија на Соединетите Американски Држави (САД) во Сомалија упати апел до американските државјани да ја напуштат оваа земја поради зголемување на заканите врз Американците на меѓународниот аеродром во Могадишу, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Дипломатксата мисија на САД во Сомалија, објавено на Твитер, се наведува дека апелот за напуштање на Сомалија е упатен поради зголемувањето на заканите врз Американците на меѓународниот аеродром во Могадишу и поради тоа што безбедноста на земјата не е стабилна.
Од друга страна, во соопштението на американскиот Стејт департмент се упатува препорака до сите државјани кои ќе одлучат да престојуваат во Сомалија да ја разгледаат безбедносната состојба и да ги преземат сите мерки со цел зголемување на личната безбедност.
Според ова соопштение, бидејќи Вашингтон нема амбасада во Сомалија, американските државјани кои се наоѓаат во оваа земја можат да контактираат со амбасадата во Најроби, Кенија.
Голем број припадници на ДЕАШ беа убиени во два воздушни напада извршени пред два дена врз терористичката организација ДЕАШ во Сомалија од страна на Командата на американските сили во Африка (AFRICOM).