?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Француските власи по вооружените и бомашките напади, во кои во петок вечерта, загинаа повеќе од 140 лица, се рспоредија 1.500 војници ширум Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на францускиот претседател наведоа дека се распоредени додатни 1.500 војници ширум Париз поради јакнење на националната безбедност
Бројот на загинати во повеќе напади во Париз, изведени во петокот вечерта, достигна 142.
Од тоа, само во концертната сала Bataclan во центарот на Париз, загинаа загинаа околу сто лица.
По терористичките напади во Париз, Франсоа Оланд изјави дека властите на таа земја ги преземаа потребните мерки со цел зачувување на националната безбедност.
Во обраќањето за медиумите Оланд изјави дека во целата земја е прогласена вонредна состојба и дега границите се затворени.
“Ги затвораме границите за да ги спречиме нападите. Правиме огромни напори да се расчистат случувањата. Мораме да покажеме солидарност и едниство. Државата мора да делува силно и секој мора да ги извржи своите задачи“ , изјави Оланд.
Нагласи дека целта на напаѓачите е да предизвикаат страв помеѓу граѓаните на Франција.
"Терористите сакаат меѓу нас да предизвикаат страв, но со овој страв мораме сите заедно да се соочиме“ , рече Оланд.