Ekipa
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
ПАРИЗ (АА) - Француското министерство за одбрана се обидува да регрутира илјадници жители со цел да се придружат кон воените резерви зајакнење на борбата против тероризмот и другите дефанзивни капацитети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан изјави дека војската има за цел да го зголеми бројот на резервисти од 28.000, колку што се сега, на 40.000 до 2018 година.
Планот е да се достапни 1.000 резервисти на ден за нивно распоредување ширум земјата.
„Сега, повеќе од било кога, потребни ни се резервисти со цел справување со терористичка опасност, без преседан во обем и облик”, рече Ле Дриан.
Во Франција сè уште е на сила вонредната состојба прогласена во ноември минатата година, кога во Париз се случија серија терористички напади.