Onur Usta
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Hеидентификувано лице во градот Валaнс во Франција со неговото возило ги удри војниците кои ја штитеа џамијата. Во овој инцидент, еден војник e сериозно ранет додека напаѓачот бил фатен жив, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничка писмена изјава на Министерството за одбрана и за внатрешни работи соопштува дека непознато лице со своето возило удрил двапати четворица војници кои во тој момент ja бранea џамијата во градот Валaнс.
"За време на овој напад, како резултат на ударот на возилото беше сериозно повреден еден војник, додека еден човек кој беше надвор од џамијата, беше повреден од куршум со кој војниците пукаа во самоодбрана", се вели во заедничката изјава на двете министерства.
Потоа се известува дека напаѓачот бил застрелан во рака и нога, а потоа бил пренесен во болница, каде што ќе биде сослушан, во зависност од состојбата на неговото здравје.
Францускиот премиер Мануел Валс, во врска со ова на својот Твитер профил, изрази поддршка на војниците кои биле нападнати во Валaнс.
"Сите наши безбедносни сили се целосно мобилизирани за безбедноста на Франција", пишува Валс.