?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека Даеш со смртоносно оружје во вооружен напад во Париз во петок навечер усмрти најмалку 127 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Француската полиција излезе со соопштение дека најмалку 250 лица се повредени, а 99 од нив се во критична состојба. Според францускиот претседател, последниот напад во Париз доаѓа по смртоносниот Чарли Ебдо во јануари.
"Она што се случи вчера во Париз и Сен Дениз во близина на стадионот на Франција е чин на војна. За да се соочи со оваа војна, земјата треба да преземе соодветни мерки. Ова е чин на војна извршен од страна на терористичката војска Даеш, џихадистичка војска против вредностите за кои ние се залагаме, а тоа е слободна земја“, рече тој.
Тој рече дека одговорот на Франција за "актот на апсолутно варварство" ќе биде немилосрден, најавувајќи тридневна национална жалост.
“Во рамките на вонредна состојба, полицијата и армијата биле мобилизирани, и јас ја поздравувам нивната храброст“, рече Оланд.
Францускиот претседател прогласи вонредна состојба во целата земја и сите граници ќе бидат затворени.
Во меѓувреме, во сабота наутро обвинителот на Париз, Франсоа Молинс рече дека нападот со оружје и бомби беа развиени во шест различни локации во Париз, и додаде дека “бројот на жртвите ќе надмине 120”.
“Можно е да се убиени се околу пет терористи, иако уште немаме информации колку вкупно учествувале во терористичкиот напад, а колку избегале”, рече Молинс.