?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
САРАЕВО (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ), Небојша Регоје рече дека се уште нема информации дали помеѓу 127 лица кои загинаа во синоќешните терористички напади во Париз, има босански граѓани, јавува Anadolu Agency (АА).
"Немаме информации дали во синоќешните напади во Париз се убиени или повредени граѓани на Босна и Херцеговина", рече Небојша Регоје истакнувајќи дека Амбасадата на Босна и Херцеговина во Париз се обидува да ги добие потребните информации.
Регоје додаде дека е воведено постојано дежурство во амбасадата на БиХ во Париз, како би се укажала помош, доколку тоа е потребно.
Министерството за надворешни работи на Косово, потврдија дека тие немаат информации за починати или повредени лица од Косово, посочувајќи дека тие се во постојан контакт со Амбасадата на Франција.