Senita Şeherçehayiç
03 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) - Пациентката Р. Е. (1984) почина во вторник вечерта во Универзитетскиот клинички центар Сараево од последниците на заразата со вирусот AH1N1, соопштено е од УКЦ Сараево, јавува Anadolu Agency.
"Состојбата на пациентот С.И од Зеница е исклучително тешко, а пациентот е сместен во Единица за интернистички интензивни терапии (JIIT)", се наведува во соопштението од УКЦ Сараево.
Од први јануари оваа година на Клиниката за инфективни болести УКЦС прегледани се вкупно 69 пациенти со грипозен синдром. Од 69 прегледани пациенти, 19 пациенти биле хоспитализирани на оваа Клиника.
Од 19 хоспитализирани пациенти, кај 11 е востановен вирусот AH1N1. Моментално на клиниката за инфективни болести се хоспитализирани шест пациенти со потврден вирус AH1N1.
Хоспитализираните пациенти се под надзор на лекарите и се згрижени со адекватна терапија.
"За жал, и покрај напорите на нашите лекари синоќа почина пациентката со иницијали Р.Е. родена 1984 година, кај која е потврден вирусот AH1N1, се наведува во соопштението на клиничкиор центар од Сараево" се наведува во соопштението на УКЦ Сараево.