Aldıjana Hadzıc
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
САРАЕВО (АА) – Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1927 - Роден е англискиот хирург Џозеф Листер, основач на антисептичката медицина кој во 1867 година ја воведе антисепсата во хирургијата. Подоцна се применети поусовршени методи, но во хирургијата и сега основен принцип е дека бактериите не смеат да доспеат до местото подложено на операција.
1896 - На олимпискиот стадион во Атина отворени се првите Олимписки игри на модерната епоха. Олимпијадата траела десет дена.
1900 - Роден е американскиот филмски актер Спенсер Трејси, првиот актер кој две години по ред ја доби наградата “Оскар” и тоа за филмовите “Храбар капетан” во 1937 година и “Град на момчиња”, една година подоцна.
1902 - На стадионот “Иброкс Парк” во Глазгов, Шкотска, загинале 25 а повредени биле 517 луѓе, кога трибината за време на фудбалскиот натревар меѓу Шкотска и Англија се срушила.
1908 - Родена е американската филмска актерка Рут Елизабет Дејвис, позната како Бет Дејвис, која има снимено повеќе од 80 филмови. Играше во филмовите како што се “Опасна”, “Џезебел”, “Мали лисички”, “Хуарез”, “Што се случи со Бејби Џејн”, “Сè за Ева” како и многу други.
1916 - Роден е американскиот филмски глумец Грегори Пек, познат по улогата во филмот “Да убиеш птица што се потсмева”, за која е награден со “Оскар”. Останатите филмови во кои играше се “Снеговите на Килманџарo”, “Празник во Рим”, “Моби Дик” како и многу други.
1939 - На децата во Германија на воздраст меѓу десет и тринаесет години наредено им е да се зачленат во нацистичкаta младинска организација “Хитлерјугенд”.
1945 - Јосип Броз Тито потпишува договор со кој дозволува привремен влез на советските трупи на територијата на Југославија.
1954 - Елвис Присли ја сними својата прва плоча “That's All Right”.
1955 - Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка.
1992 - Во Сараево на мостот Врбања со снајпер убиени се Суада Дилберовиќ и Олга Сучиќ, првите сараевски жртви во војната во БиХ. Со нападот на граѓаните на Сараево и смртта на Суада и Олга започна опсадата на Сараево која траеше 44 месеци и вкупно 1.425 дена, при што се смета за најдолга опсада на еден град во модерната историја. За време на опсадата убиени се 11.541 граѓани од кои 1.601 деца.