Gorana Jakovljevic,Adis Karaca
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
БАЊА ЛУКА/САРАЕВО (AA) - Одлуката за истапување на Босна и Херцеговина од составот на СФРЈ, која е донесена на референдумот на 29-ти февруари и 1-ви март 1992 година, граѓаните на Босна и Херцеговина двата ентитета денес го гледаат со други очи. Додека повеќето граѓани на Федерацијата Босна и Херцеговина го користат како неработен ден и го обележуваат Денот на независност на БиХ, во другиот бх. ентитет Република Српска, денес е како и секој друг работен ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Денот на независноста во Сараево е одбележан со положување цвеќе и оддавање почест на жртвите на Спомен-гробиштата Ковачи, Вечна ватра, Споменикот на убиените деца на Сараево и на уште неколку историски локации.
- Пораките за мир и заедништво од одбележувањето на 1-ви Март -
На одбележувањето на Први март присуствуваа членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, како и многу други претставници на институциите од сите нивоа на власт.
Во текот на давањето изјави, сите се сложија дека пред 24 години БиХ и нејзините граѓани направија историски чекор, кој денес, и покрај сите жртви и тешката економска ситуација се гледа како вистински потег.
Свесен дека дел од граѓаните на БиХ, меѓу кои и членот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ не го доживува Први март како историски важен датум, Изетбеговиќ рече дека во двата идентитета живеат луѓе кои сакаат мир, мир со соседите, кои сакаат подобар живот, кои ја сакаат земјата во која се родени.
"Наша обврска е постепено да ги здружиме силите на сите тие луѓе. Да ги земеме од рацете на политичарите кои ги водат по погрешен пат. Мислам дека во таа насока тргнавме кога група на лидери од РС ги придобивме со заедничка изјава во којашто прифативме дека ќе ги стабилизираме условите во оваа земја", рече Изетбеговиќ во текот на денешното положување цвеќе на Ковачи.
На зградите на институциите и компаниите поставени се државните знамиња, а бројни граѓани присуствуваа на церемонијата на одбележување на Денот на независноста. Меѓу нив беше и Јања Гроздановиќ од Сараево, која истакна дека ова е многу важен ден.
"Замислете дека живеете во земја која не се нарекува ваша држава, да се нарекува независна. Мислам дека луѓето не размислуваат, не значи тоа дека не ја сакаат земјата, тие навикнаа на проблемите кои ги имаме, едноставно тоа го сфаќаат лесно, едноставно тоа го разбираат лесно, но ова е голема работа, барем за мене. Да се биде независен, нема што понатаму од тоа, јас сум свечена", рече Јања од Сараево.
-Ден кој ја најавува пролетта -
Паралелната реалност во најголемиот град во бх. ентитетот Република Српска изгледа поинаку. Вторник е само втор работен ден во неделата, без никакви знаци на одбележување на настанот од пред 24 години. Политичките лидери на РС оваа година во пресрет на Први март порачаа дека српскиот народ и Република Српска никогаш нема да го признаат овој датум како ден на независноста на БиХ, а дека со нив се сложува и мнозинстството граѓани.
Бојан Малетиќ, граѓанин на Бања Лука, Први март не го слави како Ден на независноста на БиХ, туку како ден кој ја наговестува пролетта. Рече дека не му пречи фактот што во БиХ овој ден се прославува како празник.
"Го празнуваме ние 9-ти јануари, нека го празнуваат тие нивното, ние нашето", рече Малетиќ.
Душанка Руниќ, исто така од Бања Лука, рече дека не го слави Први март и смета дека не е во ред овој ден да се празнува во Федерацијата Босна и Херцеговина, поради случувањата во тоа време.
"Највеќе ми смета бидејќи тогаш започна војната, оттука тргна. Најдобро би било РС и ФБИХ некако да се договорат и да слават некој понеутрален датум", изјави Душанка Руниќ.
Во зградата на Претседателството на БиХ вечерва ќе биде одржан свечен прием по повод Денот на незавиноста на БиХ на кој нема да присуствува Младен Иваниќ, членот на Претседателството на БиХ од редот на српскиот народ.