Besar Ademi
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Неколку стотици граѓани, во организација на НВО „Ајде”, по трет пат се собраа пред Уставниот суд на Македонија за да го изразат свој револт против иницијативата за измена на Законот за аменстија од 2009 година, која ќе овозможи помилување на луѓе кои извеле изборни нерегуларности, јавува Anadolu Agency (AA).
Насобраните граѓани бараа оставка од судиите од Уставниот суд, кои ја прифатија иницијативата со која се предвидува претседателот на државата да може да помилува и лица осудени за изборни нерегуларности. Тие од судиите бараат да се повлечат или на друг начин да работат во интерес на граѓаните.
„Со овој протест сакаме да испратиме порака дека граѓаните на оваа земја нема да престанат да протестираат сè додека судиите што ја прифатија одлуката за помилување на лицата осудени за изборна измама и други сериозни кривични, не дадат оставка. Ние граѓаните, имаме обврска да го браниме Уставниот суд и да ја заштитиме земјата од криминалци”, рекоа организаторите.