Stipe Mayiç
02 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Доналд Туск се состана денес со хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ во Загреб за да разговараат за мигрантската криза. Порачаа дека примената на Шенгенот нема алтернатива и дека земјите на ЕУ ќе и пружат помош на Македонија и Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск рече дека ЕУ ја разбира состојбата во која се наоѓа Македонија и дека ќе направи се таа да не остане сама. Рече дека тоа може да се оствари преку соработка со Турција, низ која минува поголемиот број на мигранти, како и дека тоа ќе биде главната цел на состанокот во понеделник во Брисел.
Орешковиќ по состанокот изјви дека е договорено да се почитуваат европските правила, притоа со максимално поддржување на Грција која е во тешка ситуација со мигрантите, за што Ангела Меркел на состанокот со хрватскиот премиер даде поддршка, а потоа и за Македонија.
Орешковиќ координцијата на земјите и полицијата на т.н. Балканска рута ја нарече одлична, а потенцираше дека на тоа поле е потребна поголема поддршка од страна на ЕУ.
Зборувајќи за најавите дека хрватската војска ќе излезе на граница, Орешковиќ рече дека тоа би било исклучиво во хуманитарните цели и за помош на полиција, но како за тоа ќе биде одлучено по неговото враќање од состанокот во Брисел во понеделник.
Туск утврди дека целата ЕУ и соседните земји се носат со тешка мигрантска криза која предизвикува пораст на тензии помеѓу земјите членки и соседите.
Порача дека Шенгенскиот режим е единствен начин да се продолжи кон решението.
"Шенгенот нема алтернатива!", рече Орешковиќ. Истакна дека треба да работи на намалување на илегалните миграции и пронаоѓање на заеднички европски правила во рамките на Шенгенот.
Исто така, нагласи дека земјите членки треба да спречат влегување на мигрантите од трети земји кои не ги задоволуваат условите за азил.