Mohamed Sabry Emam Muhammed
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
КАИРО (АА) - Египетскиот суд во средата ги поништи смртните пресуди против 149 лица обвинети за убиството на полицајците, јавува Anadolu Agency (АА).
Апелацискиот суд ја уважил жалбата на обвинетите кои беа осудени на смрт врз основа на обвиненијата за убиство на полицајци во напад на група луѓе на станицата во Keрдаса, во близина на Каиро.
Судот нареди повторно судење и ги укинал десетгодишна затворска казна за вториот обвинети во истиот случај.
Обвинителите ги теретат обвинетите за упад во полициската станица во Кередаса во 2013 година, по соборувањето на претседателот Мохамед Морси. За време на нападот загинаа неколку полицајци.
По падот на Морси египетските власти презедоа остри мерки против неговите поддржувачи, кога беа убиени стотици,а уапсени илјадници луѓе.
Египетската влада ја обвинува групата на Морси за спроведување напади врз безбедносните сили, а на крајот на 2013 година беа прогласени за терористичка организација.