Mehmet Nuri Uçar
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Ширум Египет се одржуваат демонстрации по повод одбележувањето на петгодишнината од револуцијата започната во 2011 година, јавува Anadolu Agency(AA).
Стотици луѓе им се придружија на демоснтрациите во градовите во северниот дел на земјата како што се Наср, Исмаили, провинцијата Каиро, Бени Суеф и Ал-Калубија.
Демонстрантите упатуваа слогани кон актуелниот претседател на Египет, Абдулфетах ес-Сиси, и носеа фотографии на соборениот претседател Мухамед Мурси, како и транспаренти со симболот „Рабија”.
Египет е зафатен со немири од соборувањето на претседателот Мурси во 2013 година, кој египетскиот суд го осуди на смртна казна заедно со уште 15 негови соработници.
Зајакнати се мерките на безбедност, но не се забележани инциденти помеѓу полицијата и демонстрантите.
Покрај тоа, припадниците на организацијата „Муслиманското братство” преку соопштение на својата службена страница повикаа на нова револуција и уништување на режимот.
„Бранот демонстрации во јануари ќе го оживее духот на револуцијата и ќе ги заплетка сметките на пучистичката влада”, се наведува во соопштението.
Судот во Каиро во средината на месец септември 2013 година ја забрани работата на „Муслиманското братство” и останатите поврзани организации и нареди формирање на специјален комитет кој ќе го установи сиот имот на забранетите организации и ќе покрене постапка за одземање на истиот.
Египетската преодна влада, формирана по воениот удар во јули 2013 година, кон крајот на декември истата година го прогласи „Муслиманското братство” за терористичка организација.