Hajer M'tırı
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Полицијата утрово евакуира неколку стотици ученици од училиште во северниот француски регион откако на интернет беше поставена анонимна закана од бомбашки напад, пренесува Anadolu Agency (АА).
Француската полиција соопшти дека корисник на социјалните мрежи под името "FranchJihad93-7" на интернет објавил закана дека во техничкото средно училиште ќе изврши бомбашки напад. "Ќе си го одземам животот и ќе го одземам животот на илјадници ученици", објавено е во текстот на заканата.
Околу 2.000 ученици и наставници од училиштето беа евакуирани утрово во 8:30 часот.
Заканата е откриена од страна на владината платформа "Фарос", која беше формирана со цел да се откријат онлајн закани на терористите.
Полицијата презеде мерки за зголемување на безбедноста во и околу училиштето, и отвори истрага и инспекции во училишната зграда.