Mehmet Kemal Firik
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
АДИС АБЕБА (АА) - Како резултат на потонувањето на фериботот кој превезувал илегални мигранти во отворените води на Сомалиленд, земја која еднострано прогласи независност од Сомалија, загинаа 122 лица, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите добиени од Министерството за здравство на Сомалиленд, фериботот превезувал илегални мигранти од Етиопија, Еритреја и Сомалија, и ги носел од Сомалиленд во Јемен.
Се тврди дека фериботот е потонат поради прекумерно оптоварување поради што загинаа 122 илегални мигранти, а 75-мина беа спасени од страна на крајбрежната стража и рибарите од тоа подрачје.
Спасените 75 мигранти се хоспитализирани во градот Бербера, во Сомалиленд.
Функционери од Сомалиленд на новинарот на АА му потврдија дека бројот на мртви изнесува 122 лица.
Во меѓувреме, државната телевизија на Сомалиленд SST, објави дека бројот на мртви изнесува 112 лица.