Hajer M'tırı
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Во Париз денес е убиен маж откако се обидел да влезе во полициска станица во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на француските сили за безбедност установиле дека станува збор за "опасно" лице и пукале во неидентификувано машко лице, кое се обидело да влезе во полициската станица на улицата Гут-дор во Париз.
Полициските официјални лица ги повикаа жителите на целиот кварт да ги затворат своите прозорци и да останат во своите домови.
До пукањето дојде по година дена од терористичкиот напад во Париз, кога браќата Коучи ја нападнаа редакцијата на францускиот сатиричен весник "Charlie Hebdo", во кој загинаа 12 лица, а браќата беа убиени во полициска акција по нападот.