Aldıjana Hadzıc
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Православните верници ширум светот денес го одбележуваат раѓањето на Исус Христос, кое го слават според Јулијанскиот календар, јавува Anadolu Agency (AA).
Куќите и црквите на денешен ден се китат со дабово дрво, гранчиња, слама, јаболка како и со пченица.
Синоќа одржани се Божиќни литургии меѓу другото и во црквата Исус Спасителот во Москва, во која служеше патријархот Кирил, во коптската црква Свети Марко во Александрија, Египет, која ја предводеше патријархот Тавадрос, како и во црквата на Светото Тројство во Јоханесбург, во Јужноафриканската Република.
Со палење на бадникови дрвца и со литургии, доаѓањето на Божиќ е одбележан и во црквите и градовите ширум регионот на Западен Балкан. Верниците на многу места се собираа да го прослават најважниот христијански празник, а потоа со своите семејства го одбележаа раѓањето Христово.