Bilgin S. Şaşmaz
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ЧИКАГО (АА) – Американците во Чикаго ги украсија своите домови со светилки, па улиците се претворија во визуелна манифестација, јавува Anadolu Agency (AA).
Нова година и Божиќ се многу важни празници во американската култура. И оваа година започнаа празничните китења и подготовките низ целата држава.
Покрај федералната и локалната власт, и луѓето индивидуално се вклучуваат со украсувањето на своите дворови со интересни дизајни, за што трошат илјадници долари. Откако ќе се спушти мрак, градот го осветлуваат украсите, и сето ова изгледа многу различно од вообичаеното.
Американците се натпреваруваат со своите соседи, кој ќе направи поинтересен концепт на украсување со дизајнот на светилките. И покрај ладното време, тие ги посетуваат популарните куќи за да ги разгледаат светлечките украси.
Празничните украсувања се карактеристични за градот во текот на месец декември, и овој период е познат како „празнична сезона“.