Bilgin S. Şaşmaz
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ЧИКАГО (АА) - Стивен Стивенс (37) од американскиот град Кливленд, по расправија со својата девојка извршил убиство и го пренесувал во живо преку социјалната мрежа Фејсбук, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Кливленд потврди дека Стивенс на улица го застанал 74-годишниот Роберт Годвин, а потоа го исклучил телефонот и оттогаш му се губи секаква трага.
Полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат на улиците. За време на преносот во живо Стивенс рекол дека убил уште 13 лица. Започната е голема акција со цел негово пронаоѓање и апсење.
Со полицијата соработува и девојката на Стивенс.