Dejan Maksimoviç
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Кошаркарите на „Кливленд” доцна синоќа поставија нов НБА рекорд во постигнување тројки на еден натпревар. Леброн Џејмс во историјата на НБА влезе со постигнати 25 тројки во вториот натпревар од полуфиналето на плејофот на Источната конференција против Атланта, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кливленд” славеше со убедливи 123:98, и така го презеде водството со 2:0 во серијата. „Кавс” беа посебно расположени во првата половина во која погодија дури 18 шутови за три поени да го превземе водството со 74:38. Во продолжението „Кливленд” без поголеми проблеми го завршија натпреварот во негова корист.
Џејмс постигна 27 a Џ Р. Смит 23 поени за победничкиот тим а Атланта ja предводеше Пол Милсап со 16 поени.
„Кливленд” со 25 погодени тројки на еден натпревар, без оглед дали се игра во регуларниот дел на сезоната или плеј-оф, го надмина рекордот од 23 тројки кој го држеа „Орландо Меџикс ”од 2009 година и „Хјустон Рокетс” од 2013 година.