Mutlu Demirtaştan
08 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот кошаркар и ѕвезда на Лејкерси Kоби Брајант се уште води во гласањето за "65 НБА Ол-стар" , традиционаллниот натпревар на НБА-ѕвездите, јавува Anadolu Agency (АА).
На веб-страницата на НБА е објавено дека Коби Брајант, кој 17 пати во неговата кариера е избран за "Ол Стар" , води со 1,26 милиони гласови. На листата го следи минатогодишниот МВП од Голден Стејт, Вориорс Стивен Кари со 925.000 гласови, а трет е кошаркарот Леброн Џејмс со 636.000 гласови. Гласањето ќе трае до 19 јануари оваа година.
Кошаркари кои ќе играат на Ол Стар натпреварот ќе бидат објавени на 22 јануари, а резервните играчи една недела подоцна.
Ол-стар натпреварот ќе се одигра на 14 февруари во Центарот Ер Канада во Торонто, а тоа ќе биде првиот натпревар кој се игра надвор од САД. Следните рангирања ќе бидат објавени на 14 јануари.