Ekipa
14 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (AA) - Легендарниот кошаркаш на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант синоќа го одигра својот последен натпревар во кариерата, а притоа постигна неверојатни 60 поени, четири скока и асистенции, пренесува Anadolu Agency (AA).
На Брајант за постигнување на 60 поени му беа потребни точно 50 обиди. Тој погоди девет тројки од 21 обид и одигра 42 минути.
"Што можам да кажам? Тешко е да се верува дека се случи на ваков начин. Јас сум сеуште шокиран, но совршен крај би бил шампионатот. Меѓутоа, вечерва јас сум тој кој излезе, одигра и се обиде да направи шоу. Добро е чувството да се биде во можност тоа да се направи по последен пат", изјави Брајант по завршетокот на натпреварот.
Брајант потполно доминираше во својот последен меч, завршувајќи ја својата 20 сезона во американската НБА лига спектакуларно и помагајќи им на Лејкерси да го совладаат Јута Џез на свој паркет во "Staples Centar" со резултат 101:96.
"Не можам да верувам 20 години летнаа. Имавме успони и падови, но важно е дека останавме заедно", рече Коби обраќајќи им се на присутните.
"Горд сум на годоните поминати во Лејкерси и горд сум не само на освоените првенства, туку што не бегавме од проблемите во најтешките времиња. Одевме напред, Ви благодарам за се луѓе. Ве сакам", порача Брајант.
Неговата тројка на минута пред крај на натреварот предизвика незапаметена еуфорија во салата, потоа следуваше двојка за водство на Лејкерси 97:96, за на крај своите последни поени на мечот и последни во кариерата на професионален кошаркар од слободен шут ја заокружи вечерта за паметење. Излезе од игра четири секунди пред крај на натпреварот, со овации кои не престануваа. Натпреварот го следеа многу познати личности од светот на спортот и уметноста.
Брајант вво својата кариера на професионален кошаркар одигра 1.346 натревари во кои постигна 33. 643 поени.