Ivana Ramadanova
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - УСАИД, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието денеска во Скопје го одбележаа заедничките достигнувања на Проектот за професионален и кариерен развој на наставниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Според директорот на УСАИД, Џејмс Стајн, истражувањата покажуваат дека наставниците и нивната работа го определуваат квалитетот на образованието повеќе од било кој друг фактор.
За таа цел УСАИД му даде поддршка на Бирото за развој на образованието за подобрување на квалитетот на образованието во Македонија преку создавање на функционален систем за професионален и кариерен развој, подобрување на постоечките закони, развивање на воспитно/образовниот кадар, вклучувајќи наставници, стручни соработници, и директори, како и преку воспоставување на јасни стандарди и инструменти за одржување и подобрување на квалитетот на наставниот кадар", изјави Стајн.
Проектот се реализираше од декември 2012 година до јуни 2016 година, а го спроведе Македонскиот центар за граѓанско образование.
УСАИД информира дека со проектот е надграден и подобрен системот за професионален и кариерен развој на наставниците кој ќе придонесе за поквалитетна воспитно-образовна работа на наставниците и повисоки постигнувања на учениците во Македонија.