Yunus Kaymaz
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Бразилскиот пилот на Формула 1 во болидот Вилиамс-Мерцедес, Фелипе Маса ќе ја заврши кариерата на крајот од оваа сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Маса (36) минатата година најави заминување во пензија, но откако Валтери Ботас премина во екипата на Мерцедес, не сакаше да ја остави својата екипа. Во изјава за медиумите, Маса порача дека овој пат неговата одлука за пензија е конечна.
Нагласи дека во екипата на Вилијамс помина четири преубави години и додаде дека по двете преостанати трки, кога завршува сезоната, ќе стави точка на кариерата.
Во текот на 15 годишната кариера Фелипе Маса победи на 11 трки, додека 41 пати излезе на подиум.