Dejan Maksimoviç
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
СИНГАПУР (АА) - Британскиот возач Луис Хамилтон доминираше на денешната трка за Големата награда на Сингапур, и така стигна до нова победа и го зголеми водството во шампионатот во Формула 1, пренесува Anadolu Agency (AA).
Возачот на Мерцедес, кој во квалификациите ја осигура пол-позицијата, возеше болскавично од почетокот до крајот, и заслужено славеше по седми пат на овогодишниот шампионат. Второто место го освои Макс Ферштапен од тимот на Ред Бул, додека Себастијан Фетел со Ферари го освои третото место и го изгуби чекорот со Хамилтон во вкупниот пласман на возачи.
По трката за Големата награда на Сингапур британскиот возач води на листата со 281 бод, дури 40 повеќе од второпласираниот Фетел. Во пласманот на конструктори, Мерцедес и понатаму е лидер со 452 бода, додека Ферари е на второто место со 415.
Следната трка во Формула 1 ќе се вози на 30 септември во Сочи, за Големата награда на Русија.