Mutlu Demirtaştan
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Шведскиот стрелец Златан Ибрахимовиќ, кој го носи дресот на клубот од американската Прва фудбалска лига (МЛС), Лос Анџелес галакси, го постигна 500. погодок во својата кариера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лос Анџелес галакси, во натпреварот со Торонто, беше поразен со резултат 5:3. Ибрахимовиќ во 43. минута од натпреварот успеа да ја затресе мрежата на противникот, со што го постигна 500. погодок во својата фудбалска кариера.
Ибрахимовиќ (36), кој на почетокот на сезоната беше трансфериран во Галакси, досега одигра 22 натпревари со дресот на овој клуб, во кои постигна 17 погодоци.
Ибрахимовиќ со дресот на Париз Сент-Жермен постигна 156 погодоци, со Интер 66, со Милан 56, со Ајакс 48, со Манчестер јунајтед 29, со Јувентус 26, со Барселона 22, со Малме 18, и во репрезентацијата на Шведска постигна 62 погодоци.