Dejan Maksimoviç
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - По синоќешниот хет-трик за Манчестер Јунајтед против Сен-Етјен во Лигата на Европа, Златан Ибрахимовиќ се спореди со ликот од холивудскиот филм Индијана Џонс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во триумфот од 3 : 0, во првиот натпревар од шеснаесетфиналниот натпревар од Лигата на Европа, шведскиот напаѓач го постигна првиот хет-трик во дресот на „црвените ѓаволи“ и се разбира, не го криеше своето задоволство.
Ибрахимовиќ ја отвори првата сезона во Манчестер Јунајтед со освојувањето на Суперкупот на Англија и се надева дека до крајот на сезоната ќе собере уште еден трофеј.
„За мене, секој трофеј e неверојатeн. Каде и да одев, освојував нешто, па ако сум во состојба истото да го правам со Јунајтед,ќе биде супер“, вели Ибрахимовиќ.