Ali Korkmaz
15 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
ИЗМИР (АА) – Оваа недела, на 19 март ќе се одигра дуелот меѓу турските фудбалски екипи од Втората фудбалска лига на Турција, Гезтепеспор и Ескишехирспор, во кој екипата на Гезтепе ќе биде гостин на Ескишехирспор. Меѓу играчите на клубот Гезтепе е и македонскиот фудбалер од бошњачка националност, Адис Јаховиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тренерот на Гезтепеспор, Окан Бурук, одржа прес-конференција заедно со македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ и со Бенџамин Фукс.
Фудбалерот на Гезтепе, Јаховиќ, нагласи дека и Ескишехирспор исто така минува низ тежок период. Тој истакна дека ќе ја дадат посакувана игра против својот притивник, не осврнувајќи се на притисокот што го имаат.
- Јаховиќ: „Фокусиран сум на Гезтепе“
„Можеби некои клубови од Супер лигата се заинтересирани за мене, нo јас немам такви информации. Тоа е работа на мојот менаџер. Целосно сум фокусиран на Гезтепе. Имаме една цел и се движиме кон тоа. Не сум заинтересиран за друга тема“, истакна Јаховиќ, зборувајќи во врска со медиумските наводи за неговиот трансфер.
Од друга страна, тренерот на Гезтепеспор, Бурук, истакна дека од овој натпревар нема да се вратат без победа.
„Никако не ја изгубивме нашата верба. Стопроцентно им верувам на моите фудбалери. За нив ова ќе биде натпревар со кој повторно ќе се воздигнат“, нагласи Бурук.
Тој потсети дека има уште 10 недели до крајот на сезоната, и оти тие потполно веруваат дека ќе ја остварат својата цел, а тоа е пласирање во Супер лигата. Бурук истакна дека на крајот од сезоната, важно е клубот да биде меѓу првите две екипи на табелата.
Фукс рече дека нивната цел е оваа година да бидат шампиони во лигата.
Инаку турскиот фудбалски клуб Гeзтепе е 12 тим во досегашната кариера на Јаховиќ, кој во Македонија играше за тимовите на Напредок, Македонија ЃП и Металург. Потоа настапуваше во БиХ, во екипите на Железничар, Вележ и Сараево. Кариерата ја продолжи во Швајцарија, во Вил и во Цирих, а играше и во Полска, во тимот на Ворскла.
Во 2014 година настапуваше за хрватската Ријека, но истата година направи трансфер во Крилја Советов каде што беше член пред неговот заминување во Турција.