Hüseyin Burak Demirer
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Македонскиот напаѓач во редовите на Ѓозтепе, Адис Јаховиќ, се најде на врвот од листата на голгетери, меѓу фудбалерите од петте најголеми лиги во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата сезона, вклучувајќи ги и плејоф-натпреварите, Јаховиќ постигна 21 погодок и имаше голем удел во пласирањето на Ѓозтепе во турската Супер лига оваа сезона. Неговите добри настапи продолжуват и во почетокот на оваа сезона 2017-2018.
Јаховиќ, кој досега 15 пати го носеше дресот на македонската репрезентација, во првите 9 кола од турското првенство успеа 11 пати да ја затресе мрежата.
Триесетгодишниот македонски репрезентативец успеа да постигне погодоци во последните 7 натпревари, и се наоѓа на првото место на листата на голгетери во Турција. Играчите на Ѓозтепе оваа сезона постигнаа 20 погодоци, од кои Јаховиќ, со своите 11 погодоци, учествува со 55 отсто.
Со двоцифрениот број на постигнати погодоци, Јаховиќ се најде на врвот од листата на фубалери кои се најуспешни голгетери во петте најголеми европски лиги, Премиер Лига, Ла Лига, Серија А, Бундеслига и Лига 1.
Аргентинецот Мауро Икарди со постигнати 11 погодоци оваа сезона, се најде на врвот од листата, заедно со Јаховиќ, постигнувајќи 55 отсто од головите на Интер оваа сезона.
- Пред Фалкао, Џеко, Меси и Кејн
Чиро Имобиле, напаѓач на италијанскиот клуб Лацио, се наоѓа на третата позиција, со постигнати 13 погодоци за својот клуб, и учество од 54,2% од погодоците за својот клуб, чии играчи оваа сезона постигнаа 24 погодоци. Имобиле има голем удел во лидерството на Лацио во италијанската Серија А.
Седрик Бакамбу, поранешен играч на Бурсаспорт од Демократска Република Конго, продолжива да ги тресе мрежите во шпанската Ла Лига. Бакамбу кој во редовите на Виљареал премина во 2015 година, со постигнати 8 погодоци од 15 на овој шпански прволигаш, се наоѓа на 4. позиција, со 53,3 отсто.
Јаховиќ со својот учинок, зад себе ги остави и светските фудбалски ѕвезди, како што се Радамел Фалкао, Един Џеко, Лионел Меси и Хари Кејн.
Петтото место, со остварени 50 отсто од постигнатите голови на своите екипи го делат Фалкао од Монако, кој 13 пати ги затресе противничките мрежи, и Мартин Харник од Хановер, кој постигна 5 погодоци за својот клуб.
Следен е Един Џеко на седмата позиција, со постигнати 46,7 отсто од погодоците на Рома, а тој 7 пати ја затресе противничката мрежа во Серија А.
Францускиот центарфор во редовите на Галатасарај, Бафетимби Гомис, со постигнати 9 од 20 погодоци, има удел од 45 отсто во својот клуб, и се наоѓа на 8. место во европски рамки.
Лионел Меси е на 9. позиција, со своите 11 погодоци, притоа учествувајќи со 42,3 отсто од головите на Барселона. На 10. позиција се наоѓа голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн, кој со своите 8 погодоци, учествува со 42,1 отсто од постигнатите погодоци на оваа екипа во англиската Премиер Лига.
Распоред на првите 10 фудбалери што имаат најголем процентуален удел во вкупниот број постигнати погодоци на еден клуб:
| Играч | Клуб | Лига | Погодоци на екипата | Погодоци на играчот | Процент |
| 1 | Адис Јаховиќ | Ѓозтепе | Супер лига | 20 | 11 | 55% |
| Мауро Икарди | Интер | Серија A | 20 | 11 | 55% |
| 3 | Чиро Имобиле | Лацио | Серија A | 24 | 13 | 54,2% |
| 4 | Седрик Бакамбу | Вилареал | Ла лига | 15 | 8 | 53,3% |
| 5 | Радамел Фалкао | Монако | Лига 1 | 26 | 13 | 50% |
| Мартин Харник | Ханивер | Бундеслига | 10 | 5 | 50% |
| 7 | Един Џеко | Рома | Серија A | 15 | 7 | 46,7% |
| 8 | Бафетимби Гомис | Галатасарај | Супер лига | 20 | 9 | 45% |
| 9 | Лионел Меси | Барселона | Ла лига | 26 | 11 | 42,3% |
| 10 | Хари Кејн | Тотенхем | Премиер лига | 19 | 8 | 42,1% |