Mutlu Demirtaştan
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони продолжуваат со четвртфиналните натпревари закажани за 3 и 4 април, јавува Anadolu Agency (AA).
На најпрестижното европско фудбалско клупско натпреварување утре (вторник) и на 4 април (среда) ќе се одиграат првите четвртфинални натпревари.
Реванш-натпреварите ќе се одиграат на 10 и 11 април, по што ќе бидат познати учесниците на полуфиналните натпревари.
Сите натпревари во Лигата на шампиони се закажани за 20:45 часот, а распоредот за одигрување на натпреварите е следен:
Утре (вторник):
Јувентус (Италија) - Реал Мадрид (Шпанија)
Севиља (Шпанија) - Баерн Минхен (Германија)
4 април (среда):
Ливерпул (Англија) - Манчестер сити (Англија)
Барселона (Шпанија) - Рома (Италија)