Mutlu Demirtaştan
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - На дебито за екипата на Лос Анџелес Галакси, шветската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ (36) постигна два погодоци за својот нов клуб и со перформансот што го прикажа, ги исполни очекувањата на навивачите, јавува Anadolu Agency (AA).
По разделбата од англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Ибрахимовиќ својата кариера ја продолжи во Американската прва фудбалска лига, потпишувајќи договор со екипата на Лос Анџелес Галакси и имаше извонреден почеток во своето деби на американскиот континент.
Шведската ѕвезда во игра влезе во 71. минута, а во 77. и 90. минута ги постигна своите два погодоциза екипата на Галакси, која губеше со резултат од 3:0, и ѝ помогна на крајот од натпреварот да извојува победа од 4:3.
- „Во првиот натпревар што го одиграв за секоја екипа успеав да постигнам погодок“
По натпреварот, Ибрахимовиќ одговораше на прашањата на новинарите, изјавувајќи: „При резултат од 3:0 за противникот, со нетрпение очекував да влезам во игра. Посакувајќи да му помогнам на мојот тим кој беше во тешка ситуација, моето возбудување се зголемуваше од минута во минута. Ако се навратите во минатото, секогаш успевав да постигнам погодок во деби-натпреварот за мојот нов клуб. Не можев да дозволам тоа да се смени. Посакував да им бидам пример на младите фудбалери на стадионот. Навивачите го бараа Златан, јас им го дадов Златан“.
Бидејќи подолг период не играше, Ибрахимовиќ зборуваше дека имал потешкотии на теренот. „Поради недостатокот на натпревари, моите 20. минути на теренот ми игледаа како да сум одиграл 40 натпревари, но кога навивачите ве поддржуваат, тогаш играњето е многу полесно. Кога ќе бидете пречекани од извонредна публика, тогаш сѐ станува полесно. Кога играта се одвива добро, можете да ја видите среќата кај своите соиграчи и посакувате тоа да продолжи. Повторно, на крајот бев среќен што натпреварот заврши, бидејќи не бев сигурен дека ќе можев да издржам повеќе“, зборуваше Ибрахимовиќ, новата ѕвезда во редовите на Лос Анџелес Галакси.