Ekip
01 Април 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
АНКАРА (АА) - Во Москва се одржа фестивал на екстремните спортови „Breakthrough 2018“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Москва, главнот град на Русија, и оваа година беше домаќин на традиционалниот фестивал на екстремни спортови „Breakthrough 2018“. Фестивалот се одржа во Олимпискиот спортски комплекс во Москва, а настанот го следеа голем број љубители на овие спортови.
Екстремните спортисти, со своите мотоцикли и автомобили, пред преполниот спортски комплекс успеаја да извлечат воздишки на гледачите со своите акробации и изведби.

На мотоциклистите во акробациите друштво им правеше и возач на моторна санка за снег.
Автомобилистите со своите спортски автомобили изведуваа интересни акробации меѓу хостесите на пистата.
Церемонијата заврши со почесен круг на полициски возила кои се движеа на две тркала.