Yusuf Özcan
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Тимот на Пари Сен Жермен (ПСЖ) во финалето на Лига купот на Франција го совлада Монако со резултат 3:0, и по петти пат едноподруго го освои трофејот, пренесува Anadolu Agency (AA).
На стадионот „Матмут Атлантик" во Бордо се одигра финалето на Лига купот на Франција во фудбал, меѓу екипите на ПСЖ и Монако.

Екипата на Монако, уште во 8. минута поведе со 1:0, благодарение на погодокот што Уругваецот Единсон Кавани го постигна од белата точка. Веќе во 21. минута, Аргентинецот Анхел Ди Марија ја доведе својата екипа во водство од 2:0, резултат со кој заврши првото полувреме од натпреварот.
Во второто полувреме, ПСЖ ја контролираше играта и во 85. минута, со вториот погодок на Кавани, поведе со 3:0.

Со оваа победа, екипата на ПСЖ по петти пат едноподруго стана освојувач на Лига купот на Франција.
И во минатогодишото финале на ова натпреварување се сретнаа екипите на ПСЖ и Монако. ПСЖ на тој натпревар извојува победа со резултат од 4:1.