Dejan Maksimoviç
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
МОНАКО (АА) - Томас Тухел, тренерот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, изјави дека бомбашкиот напад врз клупскиот автобус само го зајакнал неговиот тим, и дека играчите се уверени оти можат да поминат во полуфиналето, јавува Anadolu Agency (AA).
На првиот натпревар, кој поради трите експлозии во близина на автобусот на Борусија, беше одложен за еден ден, „милионерите“ пред своите навивачи изгубија со резултат 2 : 3.
„Емоционално сме стабилни. Сѐ што се случи минатата недела нѐ направи посилни. Сега мораме да играме добро, а јас сум уверен дека тоа го можеме. Подготвени сме и фокусирани. Знаеме дека тоа ќе биде многу тешко, но имаме енергија и самодоверба, кои се неопходни за добар резултат“, изјави Тухел пред вечерниот дуел на стадионот „Луј II“.
Во бомбашкиот напад на автобусот повреден е Марк Бартра, дефанзивецот на Борусија, кој го скрши рачниот зглоб и ќе отсуствува од теренот уште три месеци.
Реванш-натпреварот на четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Монако и Борусија Дортмунд ќе се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот.