Mutlu Demirtaştan
16 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа и последните натпревари од првото коло во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Со средбите во групите А, Б, Ц и Д заврши првото коло на најзначајното фудбалско клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампиони.
Турскиот претставник Бешикташ на домашен терен загуби од германскиот претставник Борусија Дортмунд. И покрај почетната иницијатива и добра игра во почетокот на натпреварот, Бешикташ не успеа да дојде во предност, што го искористија гостите, и веќе во 20. минута поведоа со 0:1 со погодокот што го постигна Џуд Белингем. Во судирското продолжение 45.+3. минута Ерлинг Халанд постигна гол за водство од 0:2 на Дортмунд, резултат со кој се замина на полувреме. Борусија Д. во второто полувреме ја презеде играта во свои раце и доминира на теренот, неискористувајќи голем број шанси, по што дојде казната и во судиското продолжените 90.+4., Франциско Монтеро постигна гол за Бешикташ и намалување на резултатот на 1:2, но недоволно за да се избегне поразот на домашен терен.
Фудбалскиот клуб Шериф на домашен терен ја пречека екипата на Шахтјор Донецк. Шериф поведе со 1:0 во 16. минута со голот што го постигна Адама Траоре, а конечните 2:0 ги постави Момо Јансане во 62. минута од средбата.
Еден од дерби натпреварите на колото беше дуелот меѓу Ливерпул и Милан. Ливерпул поведе со 1:0 по автоголот што го постигна Фикајо Томори во 9. минута. На крајот од полувремето играчите на Милан успеаја да направат пресврт и со головите на Анте Ребиќ во 42. и Брахим Дијаз во 44. минута поведоа со 1:2, резултат со кој се замина на полувреме.
На почетокот од второто полувреме, веќе во 48. минута Ливерпул успеа да го изедначи резултатот на 2:2 преку Мохамед Салах, а повторен пресврт на натпреварот и конечните 3:2, за победа на Ливерпул, ги постави Џордан Хендерсон во 69. минута.
Минатогодишниот финалист, екипата на Манчестер Сити, на домашен терен го пречека Лајпциг. Домашните славеа со резултат од 6:3. Головите за Манчестер Сити ги постигнаа Нејтан Аке во 16. минута, Норди Мукиеле (автогол) во 28. минута, Ријад Марез во судиското продолжение 45.+2., Џек Грилиш во 56., Жоао Кансело во 75. и Габриел Жезус во 85. минута, додека Кристофер Нкунку постигна хек-трик за Лајпциг со погодоците во 42., 51., 73., но тоа не беше доволно за да се избегне убедливиот пораз од Манчестер Сити.
Екипата на Клуб Бриж му беше домаќин на Париз Сен Жермен (ПСЖ) во кој сезонава во нападот се наоѓаат извонредните фудбалски ѕвезди Мбапе, Меси и Нејмар, кои на овој натпревар за првпат стартуваа заедно. Натпреварот заврши без победник - 1:1, а први поведоа играчите на ПСЖ со погодокот на Андер Ерера во 15. минута. Бриж изедначи на 1:1 во 27. минута преку Ханс Ванакен. Натпреварот остана непроменет до крајот, а во 51. минута Мбапе го напушти теренот поради повреда.
Резултати од одиграните натпревари во групите А, Б, Ц и Д:
Бешикташ - Дортмунд 1:2
Шериф - Шахтјор Донецк 2:0
Интер - Реал Мадрид 0:1
Атлетико Мадрид - Порто 0:0
Клуб Бриж - ПСЖ 1:1
Ливерпул - Милан 3:2
Манчестер Сити - Лајпциг 6:3
Спортинг - Ајакс 1:5