спорт

Почина Душан Ивковиќ, легендарниот кошаркарски тренер

Ивковиќ, едно од имињата легенди на европската кошарка и тренер на Анадолу Ефес во последните две години од неговата кариера (2014 - 2016), во 2016 година објави дека ја завршува својата тренерска кариера

Fatih Erel  | 16.09.2021 - Обновена : 17.09.2021
Почина Душан Ивковиќ, легендарниот кошаркарски тренер

ИСТАНБУЛ (АА) - На 77-годишна возраст почина Душан Дуда Ивковиќ, еден од најуспешните југословенски и српски кошаркарски тренери. Во својата кариера Ивковиќ беше тренер и на турскиот кошаркарски клуб Анадолу Ефес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ивковиќ, едно од имињата легенди на европската кошарка и тренер на Анадолу Ефес во последните две години од неговата кариера (2014 - 2016), во 2016 година објави дека ја завршува својата тренерска кариера. Ивковиќ, по Анадолу Ефес не презеде друг клуб.

Душан Дуда Ивковиќ е најуспешниот тренер на репрезентацијата на Југославија, на европските кошаркарски првенства. Под водството на Дуда, Југославија освои три европски првенства во 1989, 1991 и 1995 година, на кои извојува победи на сите 19 натпревари и беше победник на Светското кошаркарско првенство во Аргентина што се одржа во 1990 година.

Ивковиќ беше избран за селектор на кошаркарската репрезентација на Србија во периодот 2008 - 2013 година.

Наградата „Легенда на Лига Европа“ му е доделена на Ивковиќ во 2017 година од страна на Евролигата.

Титулата „Легенда на Лига Европа“, која за првпат му е доделена на тренер, претходно ја освоија Мирсад Туркџан од Турција, Хуан Карлос Наваро од Шпанија, Теодорос Папалукас и Димитрис Дијамантидис од Грција, Рамунас Шишкаускас и Шарунас Јасикевичијус од Литванија.

Во 2012 година Ивковиќ беше избран за тренер на сезоната во Евролигата.

Ивковиќ е освојувач на првенството на Југославија со Партизан, трипати беше шампион во грчката и руската кошаркарска лига, освои две титули на Евролигата со Олимпијакос, една титула на Европскиот куп „Корач“ со Партизан, беше победник на Сапорта и УЛЕБ купот со грчки АЕК и освојувач на Купот на Турција и Претседателскиот куп со екипата на Анадолу Ефес.

Во својата тренерска кариера, Дуда ги водеше екипите на Работнички Белград, Партизан, Арис, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА Москва, Динамо Москва и Анадолу Ефес.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.