Ercan Doğan
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбул по вторпат ќе биде домаќин на најзначајната организација на европската кошарка, натпреварувањето Фајнл-фор од THY Евролигата. Освен со историското минато, Истанбул го привлекува вниманието и со природните убавини што го опкружуваат, пишува Anadolu Agency (AA).
Љубителите на кошарката кои ќе пристигнат во Истанбул, поранешен главен град на Османлиското Царство и центар на Византиското Царство, за време на „фајнл-фор“ турнирот ќе имаат можност да ја почувствуваат историската душа на градот. Исто така, навивачите ќе можат да ги рагледаат природните убавини на градот, како и да одат на шопинг.
- Град што ги соединува континентите -
Една од карактеристиките на Истанбул е тоа што градот соединува два континента.
Мостовите на морскиот теснец Босфор, „Мостот на загинатите херои од 15 јули“, „Фатих Султан Мехмет“, како и „Јавуз Султан Селим“, ги поврзуваат деловите на градот, а истовремено соединуваат и два континента, Европа и Азија.

- Градот привлекува внимание со својата историја -
Истанбул привлекува внимание и како еден од најзначајните историски градови во светот.
Љубителите на кошарката ќе имаат можност да ги видат знаменитостите од минатото, особено на историскиот полуостров, кој е обиколен од местата Суричи, Халич, истанбулскиот теснец Босфор и Мраморното Море. Меѓу другото, навивачите ќе имаат можност да ги прошетат најпопуларните места на полуостровот, како Музејот Света Софија на плоштадот „Султанахмед“, Султан Ахмедовата џамија, како и Цистерната за вода Базилика.

Љубителите на кошарката ќе можат да ја почувствуваат историската душа на градот и да одат на шопинг.
- Природни убавини -
Навивачите истовремено ќе можат да уживаат и во големиот број природни убавини што ја красат околината на овој историскиот полуостров.

Посетителите ќе можат да поминат прекрасни моменти на Босфорот, посетувајќи ги кулата „Галата“, Палатата „Чираган“, Анадолскиот хисар, како и Румелихисар и многу други, како што е и Момината кула, која се наоѓа во морето, во Босфорскиот теснец.