İlker Girit
04 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Мајка и нејзините три деца починаа од труење со јаглероден моноксид во стан во Истанбул, каде што дошло до истекување на плин, јавува Anadolu Agency (АА).
Според информациите, мајката Хадие Узум (35) и трите нејзини деца, Баран (9), Ројхад (6) и Зејнеп (4), во станот се грееле со помош на плинска печка. Хадие после капењето на децата ја вклучила печката за да го загрее станот но тоа бил кобен момент за неа и нејзините три деца.
Сопругот и татко Салих Узум прв пристигнал во станот каде што ги нашол безживотните тела на неговата сопруга и децата. Тој бил излезен, а кога не успеал да ги добие на телефонот, загрижен се вратил дома.
На местото на настанот веднаш дошла брза помош и полицијата, кои утврдиле дека причината за смртта е труење со јаглерод моноксид.