Rauf Maltaş, Özgür Ayaydın
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку едно лице загина, а едно е рането во нападот на артилериски проектил на една станбена куќа во местото Сур, во југоисотчната турска провинција Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јави дека двоспратната куќа во Сур ја погоди проектил на ракетен фрлач, како и дека страда едно лице кое е хоспитализирано.
Во текот е истрагата за целиот случај, а турските безбедносни сили ги продолжуваат антитерористичките акии во тој регион.
Терористичката организација ПКК ги интензивираше своите активности во Турција од јули оваа година.
Во судирите меѓу турските сили и терористите досега загинаа најмалку 200 припадници на турските безбедносни сили и убиени се најмалку 1.700 терористи.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и Европската унија.