Hülya A. Gündüzalp
25 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
СИРНАК (АА) - Во напад на терористичката организација ПКК врз зграда во Сирнак, во југоисточниот дел на Турција, каде што има библиотека и културен центар, повредени се четири деца, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава новинарот на АА, во моментот кога во зградата се наоѓале вработените и децата, терористите фрлиле експлозивна направа и молотов коктел.
Повредените деца беа хоспитализирани. По нападот, имаше пожар, кој пожарникарите го ставија под контрола. Покрената е и акција за фаќање на терористите.