Nour Gelle Gedi,Hacer Başer,Said İbicioğlu
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
МОГАДИШУ (АА) - Во самоубиствен наад во близина на Претседателската палата во Могадишу во Сомалија, загинаа две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според јавувањата на безбедносните извори, нападот е изведен на кафуле во близина на палатата, а загинаа и напаѓачот и уште едно лице, додека повеќемина се повредени.
Сеуште никој не презеде одговорност за нападо,но сомалиските власти се сомневаат дека нападот го организирала терористичката организација Ес-Шебаб, која контролира одредени средишни и јужни делови на Сомалија.
Од другата страна, спречен е вооружен напад на спомнатата организација на полициска станица во истиот град. Во обид на нападот загинаа тројца милитанти, а еден е приведен.