Amina Zorniç
02 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
САН ДИЕГО (АА) - Необичен настан се случи на новогодишната ноќ во болница во Сан Диего, каде што близнаци, момче и девојче се родени минут пред и две минути по полноќ, јавува Anaизвештаи Агенција Анадолу (АА).
Во медицинскиот центар Кајзер Перманенте Зион, девојчето Јалин е родено во 23:59 часот во 2015 година, додека нејзиниот брат Луис дојде на свет во 2016 година во 00:02. Близнаците ги роди мајката Марибел (22).
Од болница во Сан Диего, изјавија дека порано не бил регистриран ваков случај, близнаци да бидат родени "во две години".