Halit Süleyman
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
АЛЕПО (АА) - Воените авиони што вршат убиства над цивилите во областите под опсада на режимот на Башар Асад, разделија 6-годишни близнаци. Еден од повредените близнаци во бомбардирањата, кој успеа да се спаси, ја загуби мајка си.
Во Алепо, град на северот на Сирија, војската на Асад и на Русија изведуваат интензивни воздушни напади источно од центарот на градот којшто веќе 1 месец се наоѓа под нивна опсада.
Со завршувањето на примирјето на 19 јули, во засилените напади животот го загубија околу 500 цивили, а повеќе од 1.600 лица се повредени.
Во вчерашните напади со воени авиони над населбата Шерар, целосно беше уништена една 5-катна зграда.
По долгите обиди на тимовите за цивилна одбрана да ги извлечат четирите семејства од под урнатините, беше пронајдено 4-членото семејство на Касим.
Тие успеаја да го пронајдат мртвото тело на 25-годишната мајка Хаја Ахтарини.
Тимовите за цивилна одбрана ги спасија таткото Хазим Шејх Касим и едногодишната ќерка Ајше Шејх Касим, а пак момчињата Сабах Шејх Касим и Рагед Шејх Хасим повредени ги извлекоа од под урнатитите.
По транспортирањето на повредените и починатата мајка во болницата, било забележано дека шестгодишните Сабах и Рагед се близнаци.
Лекарите од медицинскиот тим по интервенцијата, под ограничени услови, не успеале да го спасат животот на Рагет.
Додека бил лекуван Сабах, во полската болница се потрошил медицинскиот материјал. Таткото, Хазим Шејх Касим, за новинарот на АА рече дека не сака да коментира поради тоа што сѐ уште е во шок од настанот.
Во изјавата за новинарот на АА, директорот на Цивилната одбрана во Алепо, Мухамед Новло даде информации во врска со нападот што го раздели Сабах од неговата мајка и братот-близнак. Во овој контекст, тој изјави:
„Руските воени авиони фрлаа бомби над Шеар, беше како земјотрес. Беше уништена една 5-катна зграда. Едно од шестгодишните близначиња умре во болницата,а другото е на лекување. Ситуацијата е сериозна. За жал, и мајката е почината. Нашата обврска е да спасуваме животи.
Руските авиони што напаѓаат источно од центарот на градот, за уништување ги употребуваат „продорните“ бомби. Овие бомби се познати како „ловци на бункери“.
„Ловците на бункери“, коишто за населението на Алепо имат ефект на земјотрес, создаваат кратер во длабочина од 5 до 7 метри.