Mohamad Misto,Halit Süleyman,Said İbicioğlu
24 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Граѓанската војна во Сирија трае веќе пет години, но ниту тоа не влијае продавачот на книги, Шејх Абдулхалик Шамије да се откаже од љубовта на професијата со која се бави повеќе од половина век, јавува Anadolu Agency (AA).
Шамије чија сопруга беше убиена за време на бомбардирањето и чија куќа беше уништена, и покрај болките продолжува да продава книги. Тој и е посветен целосно на ова професија веќе 55 години.
Шејх Абдулхалик Шамије член на познатото Семејство Шамије од Алепо, е роден во 1933 година во регионот на стариот Алепо. Тој во неговата младост учествуваше во предавањата во џамијата Емеви 1950-та година, каде што потоа собира книги со историски, религиозни и културни содржини кои што ги продаваше на туристите и странците во продавниците што ги отворил во чаршијата ез-Захрави во Алепо и улиците Хан Ал-везир Хан и Хан ал-Харир.
Шамије, најстариот профавач на книги во Алепо, исто така се занимава со уметност, поточно со отоманската декорација на камења, велејќи дека големите трговци на книги во Алепо го научиле ова професија од него.
82-годишниот Шамије кажува дека книгите и служат на науката и културата, преку кои и тој наоѓа можност да се развие, велејќи дека неговите 11 деца ги растел со парите што ги добил од продавањето на книгите.
Шамије кој е ветеран во продавање на книги истакнува дека е тажен затоа што неговите деца ја напуштиле земјата поради економските проблеми и несигурната средина заради граѓанската војна која веќе пет години трае во Сирија
И покрај сите отежнати околности, тој продолжува да работи во неговата мала продавница за книги во улицата Хан ал-Вазир и ги повикува сите Сиријци да се обединат.