Halit Süleyman
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку три деца загинаа, а 25 лица се повредени во денешниот напад на руските воздушни сили на основно училиште во област на Алепо, кој е под контрола на умерената сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (АА).
Неименуван извор од Цивилната заштита во Алепо за АА рече дека руски воени авиони го погодиле училиштето коешто речиси целосно е уништено а во кое се наоѓаале поголем број на деца.
Според истиот извор повредените со помош на цивилната заштита и родителите на учениците се транспортирани до блиската болница.
"Руските воздушни сили во последните неколку дена не се насочени само кон цивилните населби туку и врз училиштата во Алепо. Пред два дена беше погодено едно училиште во Анјару, вчера е погодена и џамија во градот Алепо, а денес ова училиште. Русите се обидуваат да се одмаздат за загубите на фронтот со убивање на цивили и деца", изјави активист од Алепо, Ахмед Абу Амар.