Турција

Лавчињата близнаци Осимхен и Чиро станаа маскоти на паркот за диви животни во Анталија

- „Нашите посетители почнаа да ги викаат Чиро и Осимхен. И нам ни се допадна. На тој начин станаа познати“, изјави за АА Исмаил Ајдин кој се гриже за лавчињата

Süleyman Elcin  | 09.06.2025 - Обновена : 09.06.2025
Лавчињата близнаци Осимхен и Чиро станаа маскоти на паркот за диви животни во Анталија

АНТАЛИЈА

- Сулејман ЕЛЧИН


Младенчињата близнаци лавови по име Осимхен и Чиро, родени во „Беркем земјата на лавови“ во Анталија, станаа маскоти на паркот, зголемувајќи го бројот на посетители.

Оваа година во паркот во кој живеат лавови, тигри, мечки, мајмуни и влекачи, сместен во месноста Манавгат, новородените лавчиња близнаци и тројката мечиња го привлекуваат вниманието на туристите што го посетуваат градот, но и на жителите на Анталија.

Младенчињата, кои беа надгледувани извесен период, им беа претставени на посетителите кога се намали ризикот од болести.

Лавчињата именувани Симба и Нала од персоналот на паркот, по препорака на посетителите беа именувани по фудбалерите на Галатасарај, голгетерот Осимхен и Чиро, син на белгискиот фудбалер Дрис Мертенс.

Тримесечните младенчиња станаа маскота на паркот со кои посетителите сакаат да се фотографираат.

Во паркот атракција е и тројката мечиња, привлекувајќи го вниманието на посетителите, особено на децата.


- „Сите ги сакаа лавчињата“

Исмаил Ајдин, кој се грижи за лавчињата, рече дека веќе четири години работи во паркот.

Информирајќи дека во паркот има 26 лава, Ајдин истакна дека лавчињата се во фокусот на вниманието на посетителите.

Посочувајќи дека интересот за паркот со лавови се зголемил откако Галатасарај стана шампион на Турција, Ајдин истакна:

„Прво лавчињата близнаци ги именувавме Симба и Нала. Нашите посетители почнаа да ги нарекуваат Чиро и Осимхен. И нам ни се допадна. На тој начин станаа познати. Сите многу ги сакаат лавчињата. Бројот на посетители се зголеми и поради шампионската титула на Галатасарај и поради големиот број на оние што сакаа да ги видат Чиро и Осимхен.“

Ајдин истакна дека и тројката мечиња со своето мило однесување го привлекуваат вниманието на посетителите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.