Нуркач покрај брегот на Мерсин ги сними делфините што го придружуваа
- Ирфан Алинч, кој хранеше со риба некои од делфините во јатото што го сретна: „Ги галев кога ми се приближија. Тоа беше совршен момент за мене“.

МЕРСИН (АА) - Нуркачот Ирфан Алинч, кој нуркаше покрај брегот на Мерсин, со подводна камера ги сними моментите кога се сретна со јатото делфини, известува Анадолу.
Нуркачот Алинч со брод тргнал покрај брегот на округот Ајдинџик и нурнал во длабочините на сините води за да го набљудува подводното подрачје.
Додека нуркал, Алинч со својата подводна камера го снимил јатото делфини кои пливале покрај него.
На снимките се гледа дека Алинч ги храни со риби делфините што се движеа околу него.
Ирфан Алинч изјави за новинарот на АА дека нурка веќе 17 години.
Раскажувајќи дека неодамна сретнал делфини на местата каде што нуркал, Алинч го рече следново:
„Кога почнав често да среќавам делфини, решив со мене да земам камера и понесов риба. Кога ги видов делфините, им понудив риба. Кога ми се приближија, ги погалив со рацете. Тоа беше извонреден момент за мене. Бидејќи знам дека делфините не ги повредуваат луѓето и повремено им давам риба, меѓу нас се создаде емотивна врска.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.