Mahmut Atanur
21 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Пандата Јa Ли роди близнаци во зоолошката градина во Ченгду, седиштето на југозападната кинеска провинција Сечуан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека новородените панди се женски и дека тие се родиле здрави.
Ова е првото раѓање на панда-близнаци оваа година во светот, а младенчињата се тешки 144 и 133 грама.
Мајката, пандата Јa Ли е родена во 2009 година како близначе, бидејќи на свет дошла заедно со својот брат Ви Лијам.
Кинеските зоолози веќе седум години работат на проектот на одгледување панди, кои подоцна се пуштаат на слобода во дивината, каде што нивните движења се пратени преку GPS уреди.
Се претпоставува дека во светот се останати само 1.600 панди од кои повеќето од нив живеат во Кина. Овој факт ги става во најзагрозените видови денес.